Откупувачите не ги почитуваат договорените цени, реагираат земјоделците
Дел од откупувачите не ги почитуваат склучените договори со производителите и отстапуваат од утврдената цена, велат земјоделците.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија Ефтим Шаклев, проблеми со договорите има во поледелството, градинарството, млекарството,...
Некои од преработувачите дури и го откажале откупот на млекото во целост, а други нудат пониски цени.
- Секој ден има проблеми со градинарството каде што е во тек откупот. Сведоци сме на непочитување на договорените цени од страна на откупувачите. Откупните цени се менуваат еднаш во неделата, но тоа не се почитува од дел од откупувачите. На тоа треба да им се укаже, изјави Шаклев.
Во однос на млекото, дополни, откупот во некои региони е целосно откажан.
- Имаме два проблема, некои од преработувачите го откажаа откупот, а некои нудат минимална цена, за кравјото 14 - 17 денари наместо најмалку 20, а за овчото 30 неместо 40 денари. Има многу неправилности, рече Шаклев.
Земјоделците очекуваат соработка од новиот ресорен министер Љупчо Николовски, средби во најскоро време и поддршка, како што велат, за надминување на проблемите.
Ново на Сител
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање