Фудбал
4. March 2016 - 14:00

Оспина го менува Чех

 
Првиот голман на Арсенал Петр Чех поради повреда нема да може да биде на голот на „топџиите“ околу четири недели. Искусниот голман се повреди во средата на дуелот од Премиер лигата против Свонси што неговиот тим го загуби со 2:1.
Според најавите Чех ќе „прескокне“ четири натпревари од Премиер лигата, дербито со Тотенхем, потоа дуелите со ВБА, Евертон и Вотфорд. Во овој период Арсенал ќе го игра и реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите со Барселона, како и повторениот дуел од ФА купот со Хал.
Негова замена во овој период ќе биде Колумбиецот Давид Оспина. Отсуството на Чех ќе биде голем хендикеп за „топџиите“ во борбата за титулата во Премиер лигата.