Основачки состанок на Комисијата за управување со наследството на охридскиот регион
Во Скопје денеска се одржа прв основачки состанок на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, откако Владата на седница минатиот вторник (23 јануари) именуваше нејзин претседател, заменик-претседател и членови.
Комисијата е формирана врз основа на Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година. Таа е координативно и советодавно тело, чии работни должности и задачи се да го разгледува и дава мислење за состојбата на светското природно и културно наследство на охридскиот регион.
Одговорни за активностите - од легислативата до нивното спроведување во практика се министерствата за култура и за животна средина и просторно планирање, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата.
- Комплексноста и сензитивноста на проблематиката која ја опфаќа заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион како светско наследство упатува на сериозна меѓусекторска соработка со цел почитување и применување на универзалните вредности и принципи, вградени во меѓународните инструменти, пред сè Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на културното наследство, соопшти Министерството за култура.
Претседателот, заменик-претседателот и 21 член на новоформираната Комисија ги назначува Владата. Се избираат за период од три години со право на повторен избор, но не повеќе од двапати едноподруго. Во работата на Комисија по потреба може да учествуваат и претставници од научни и образовни установи и други стручни организации кои дејствуваат во областа на заштитата на природното и културното наследство на охридскиот регион.
Денешниот основачки состанок го отворија министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Билјана Зефиќ, в.д директор на Управата за животна средина.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари