Османи: Прераната смрт на Вања ужасна тргедија за сите нас, злосторството треба да биде најстрого казнето
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство за семејството и најблиските за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска и истакна дека ова претставува ужасна трагедија, која ги погодува сите граѓани.
-Прераната смрт на Вања претставува ужасна трагедија која нѐ погоди сите нас. Моето искрено сочувство за семејството и најблиските, нашите мисли се со вас, иако сме свесни дека ништо не може да ја надомести вашата празнина, напиша Османи на Фејсбук.
Тој истакна дека ова злосторство ќе биде најстрого казнето, за што, како што посочи е убеден дека Обвинителството и полицијата го имаат ставено целиот свој капацитет за внимателно и прецизно расчистување на случајот до најситниот детаљ.
-Јавноста со право бара целосна транспарентност и отвореност. Колку и да е трагично или грозоморно, ние мора да се соочиме со сите мотиви и детали на овој случај, не само за да ги отстраниме бројните шпекулации и манипулации, туку и за да си дадеме шанса за општествено созревање, да ги едуцираме нашите деца, за да не заборавиме, истакна министерот за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот