Османи: Потребна ни е поддршка за итно решавање на прашањето за приемот во НАТО
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со новиот амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје, Томас Герберих.
Вицепремиерот Османи, како што соопшти СЕП, го поздрави интересот на Германија и дадената поддршка за Македонија во напорите земјата да се врати на евро-атлантскиот пат, што е и интерес на мнозинството граѓани. Османи го информира амбасадорот и за неодамнешната посета на Берлин и средбите кои ги оствари, истакнувајќи дека Германија се покажа како стратешки партнер на Република Македонија во однос на интеграцијата во ЕУ, особено со директната финансиска и техничка поддршка за националните институции.
- Германија ја сметаме за силен поддржувач на политиката на проширување и пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, кое најдобро се покажа со иницирањето на Берлинскиот процес и самитите кои следуваа во Берлин, Виена, Париз и последниот во Трст, посочи вицепремиерот Османи и изрази очекување за успешна соработка со амбасадорот Герберих во текот на неговиот мандат.
Вицепремиерт Османи го запозна Герберих и со Планот 3-6-9 и неговата досегашна реализација, со приоритетите на новата Влада за откочување на процесите на евро-атлантските интеграции на земјата, како и со новиот пристап на водењето надворешна политика за градење на добрососедски односи. Како што истакна Османи, за тоа говори успешното потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија, но и успешната посета на грчкиот министер Коѕијас на Македонија. Тоа, додаде Османи, претставува само почеток на унапредувањето на односите со соседските земји, што ќе продолжи и во иднина.
- Очекувам во наредниот период напредок по прашањето за евро-атлантските интеграции и во таа смисла, очекувам поддршка за целосно решавање на прашањето за влезот на Македонија во НАТО, истакна Османи на срдбата. Тој додаде дека на Македонија и е потребна визибилност на европските перспективи, со цел зацврстување на европската агенда на земјата, како и на регионот, се вели во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план