Османи: По изборите Владата целосно е посветена на реформите
Напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси, спроведувањето на Планот 3-6-9, реформите во повеќе области, затворање на политичките прашања, беа дел од темите за кои реферираа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија што се одрж во Брисел.
Вицепремиерот Османи, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, најнапред ги претстави резултатите и постигнувањата при имплементацијата на делот 3 од Планот 3-6-9 кој, како што посочи, бил крунисан со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори.
- Фокусот на мерките и активностите од првиот дел од Планот - делот три, беше создавањето услови и одржувањето беспрекорни избори, нешто во што успеавме и што беше потврдено од страна на сите релевантни домашни и меѓународни организации кои ги следа изборите, потенцира Османи.
Вицепремиерот реферира за подготовките и на останатите делови од Планот 3-6-9, при што посочи на областите на кои се фокусирани најголемиот дел од реформите, како судството, за што во транспарентна постапка, со вклученост на голем број домашни и меѓународни експерти, при крај е изработката на Стратегијата и акцискиот план за реформи. За разузнавачките служби, посочи дека согласно препораките, но и согласно широкиот процес на консултации, избран е модел и реформите се во финална фаза на одобрување на нивната имплементација.
Ја истакна и реформата на јавната администрација, во насока на нејзина деполитизација и професионализација, за што, информира Османи, веќе е подготвена драфт верзија на Стратегијата и акциски план, како и останатите области како борбата против корупцијата, условите за работа на медиумите, реформите во полицијата, области, во кои постои напредок во подготовката на стратегии и акциски планови.
- По изборите, Владата повторно агресивно се посвети на реформите и дооформување на Планот 3-6-9, кој, во себе ќе ги содржи сите препораки и забелешки од релевантните извештаи и од нашите меѓународни пријатели, затоа што наша цел е, по неговата имплементација да не следи нов дел 12, туку отпочнување преговори, рекол Османи на средбата, изјави Османи на средбата.
Тој и Димитров реферираа и за напредокот во затворањето и на политичките прашања. Во врска со законот за употреба на јазици, посочија дека се очекува набрзо да биде изгласан во Собранието, а говорејќи за напредокот во добрососедските односи, го потенцираа оговорот со Бугарија, како и напредокот во односите со Грција кои се движат во нагорна линија.
Во рамките на дводневната посета на Брисел, на агендата на Османи и Димитров се и средбите со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и со потпретседателката и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини.
Османи ќе има и обраќање пред независниот тинк-тенк институт, Европски центар за политика (EPC), на тема „Планот 3-6-9: понатамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, а на маргините на посетата ќе се сретне со директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Геновева Руиз Калавера.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор