Османи: Македонија не треба да го екстрадира Морина, тој не е српски државјанин
Вицепремиерот Османи лично се заложи за ослободување на поранешниот борец на ОВК Морина , кој минатата недела беше уапсен на граничниот премин Блаце, по потерница на Интерпол.
Тој побара од македонското министерство за правда да не дозволи екстрадиција на Морина на Србија и најави дека уште денеска ке го посети во неговата келија.
-Ова е недозволиво. Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово. Тоа е безпредметно. Специфично е дека потерницата не е преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол, и затоа нашата држава треба да ги почитува процедурите. Мојата посета е како пријател на Република Косово и претставник на Влада која е пријател на Косово , рече Османи.
Османи е категоричен дека со ваквото барање ДУИ не врши притисок врз судството.
-Притисок вршиме за Министерството за правда да ја забрза постапката. Ова прашање мора системски да се реши и да не се случува и понатаму да се најдеме среде односите меѓу Србија и Косово. Сакаме добри односи со Србија, но никако на сметка на добрите односи со Косово – рече Османи.
Ослободување на Морина бара и косовскиот шеф на дипломатија Пацоли. Од друга страна пак Белград инстисистира тој да им биде испорачан , поради сомнеж за извршени воени злосторства врз цивилно население на Косово во 1999 година.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар