Оштетено возило на судијка од Основниот суд во Охрид
Непознати сторители ноќеска оштетиле приватно возило, сопственост на судијка во Основиот суд во Охрид.
Немилиот настан утрово е пријавен во охридската полиција, која работи на расветлување на случајот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот, што се случил на улицата „АСНОМ“ во Охрид, во близина на домот на судијката.
- Случајот е евидентиран и се работи на откривање на сторителите и расчистување на немилиот настан, изјави Димоски.
Според информациите, искршени се двете ветробрански стакла и двете стакла на совозачката страна на возилото, а на него не била оставена никаква порака.
Истрагата треба да утврди дали се работи за обично разбојништво или можеби случајот има поврзаност со работата на судијката, која работи како кривичар во охридскиот суд, а има водено многу предмети.
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман