Орбан со уставни амaндмани се бори против распределување мигранти во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи денеска уставни амандмани со цел забрана за масовно распоредување мигранти во таа држава.
Во пакет предложени промени на Уставот, Орбан наведува: Странски државјани не можат да бидат прераспределени во Унгарија“.
– Странски државјани (освен државјани на ЕУ) може да живеат во Унгарија само врз основа на поединечно барање одобрено од унгарските власти во согласност со законски одредби пропишани од парламентот, се вели во текстот на амандманот.
Амандманите ќе бидат ставени на гласање на 8 ноември.
Во други амандмани се вели дека „обликот и структурата на државата, територијата на државата и нејзиниот народ“ го прават „уставниот идентитет на унгарската нација“ кој не може да биде променет со кој било закон однадвор.
На референдум на 2 октомври 98 отсто гласачи беа против квоти за мигранти, но референдумот се смета за неуспешен бидејќи не излегле повеќе од 50 отсто избирачи.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?