Орбан со поддршка за Макрон
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан го поддржа францускиот претседател Емануел Макрон, чија неодамнешна изјава во Кина предизвика критики во Европа и во САД.
Макрон предизвика бурни реакции поради неговата изјава при посетата на Кина, во која наведе дека Европа не треба автоматски да се усогласи со САД или со Пекинг по прашањето за конфликтот околу Тајван.
- Макрон не создава непријатели туку бара потенцијални партнери и со тоа се приближува кон унгарските ставови … Ние (Европејците) треба да се грижиме за нашите, а не за интересите на другите. Треба да се запрашаме дали американските интереси се совпаѓаат со европските, посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека Макрон е единствен европски лидер способен да ги изрази своите мисли на историски начин.
Орбан често е мета на критики од западните партнери поради интензивирање на односите со Москва и Пекинг.
Ново на Сител
-
Германија ќе отпушти 1/3 од вработените, драстични отпуштања кај нас нема да има
-
Христијаните ширум светот го празнуваат Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат