Преглед на вестите од светот
Украина и Русија со меѓусебни обвинувања за кршење на Велигденското примирје
Украина и Русија со меѓусебни обвинувања за кршење на велигденското примирје. Според зеленски , руската армија со дронови ги нападнала градовите Поквроск и новоплавливка додека руското министерство за одбрана инфораше за украински напади во Курск и Белгород. Честитајки го Велигден Зеленски им порача на украинците да не се откажат од надежта дека мирот ќе се врати во нивната земја.
- Знаеме што браниме. Знаеме за што се бориме. За кого - и за чие добро. И затоа секој пат, без разлика колку е тешко - ние сè уште не ја губиме вербата. „ќе дојде денот на животот. Денот на мирот. Денот на Украина. изјави Володмир Зеленски, претседател на Украина.
Вчера попладне Путин објави изненадувачко „велигденско примирје“ за кое рече дека почнува веднаш и дека ќе трае до понеделник, а Украина објави дека ќе го почитува привремениот прекин на огнот.
- Нашата одлука за примирје на Велигден ќе покаже колку е искрена подготвеноста на режимот во Киев, неговата желба и способност да ги почитува договорите и да учествува во мирните преговори насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза. Ние, од наша страна, отсекогаш сме биле подготвени за тоа (преговори), истакна Владимир Путин ,претседател на Русија.
Гест на добра волја на Кремљ за Велигден е и досега најголемата размена на воени затвореници. Дури 277 украински војници беа ослободени и се вратија дома.
Илјадници луѓе протестираат во САД против политиките на Трамп
Илјадници луѓе протестираа низ Соединетите држави против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, поради, како што велат, прекумерната извршна власт, контроверзната имиграциска политика и економската нестабилност. Протести се оддржаа на 1200 локации во сите 50 созјуни држави . Трамп мора да си оди скандидараа насобраните пред белата кука. . Проетстите поминаа без инциденти.
Нетајнаху: Нема крај на војната додека не ги уништиме целосно Хамас
Израел нема да ја прекине војната во Појасот Газа додека не ги врати сите заложници и целосно не го елиминира потенцијалот на Хамас изјави изралескиот премиер Нетањаху откако Хамас повторно ја отфрли неговата понуда за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Палестинската милитантна група бара да се договори целосен крај на војната,за да ги солбооди заложниците. Ако сега попуштиме , нашите досгеашни достигнуавња од војната ќе исчезнат истакна Нетањаху. На 18 март Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа, со што еднострано го прекрши примирјето.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар