Македонија
19. April 2025 - 16:57

Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат

За неполни 12 часа, 4 лица го загубија животот во сообраќајни несреќи. Најчестата причина е неприлагодената брзина на возачите. Безбедноста на патишатата, екпспертите ја оценуваат со слаба  двојка. 

Бројот на несреќни со смртни последици секоја година останува ист. Од 120 до 150 граѓани ги губат своите животи, најчесто на регионалните и експресните патишта. Покрај менталитетот, потребна е и поголема инстиуционална вклученост.

- Неколку фактори се клучни за поголема безбеднсот во сообраќајот. Прво - човекот, односно неговата совест, второ, возила кои треба да се технички исправни и трето- патната инфаструктура. Покрај напорите кои ги прави МВР, Јавното претпријатие за државни патишта, јас би апелирал и локалните единци да се вклучат малце, за да се намали бројот на незгоди, изјави сообраќајниот инженер Игор Митревски. 

Бројките покажуваат дека најмногу сообраќајни незгоди со тешки последици се случуваат за време на викендите и празниците. Во пресрет на Велигден,  Митревски апелира – 

- Замолувам да си ги цениме малце повеќе животите кои нас, кои од Бога ни се дадени.. Наместо во радост, овој голем христијански празник да не се претвори во тага, додава Митревски

Покрај сообраќајна култура, за поголема безбедност потребна е и соодветна сигнализација, заштита на патиштата, но и повисоки казни за оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила.