Општина Виница асфалтира улици во селата Градец и Пеклани
Општина Виница интензивно работи на реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште и патиштата.
Согласно Програмата, по пет децении ќе бидат асфалтирани улици во селата Пеклани и Градец.
- За асфалтирање на улици во селата Градец и Пеклани во должина од по 370 метри се издвоени четири милиони денари, додека за улици во селото Трстија и во Виница околу 10 милиони денари. Овие средства се од општинскиот буџет и од Агенцијата за државни патишта, истакна градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев.
Покрај асфалтирањето на улици, Општина Виница започна и со уредување на речното корито на Виничка река во должина од 420 метри, проект кој општината го доби преку Источниот плански регион. Вкупната вредност на проектот е 3.626.441 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, а општината учествува со сопствени средства од 1.011.544 денари. Изведувач на работите е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје, а регулацијата на Виничка река се очекува да заврши за четири месеци.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани