Општина Василево обезбеди пари за изградба на патот Чанаклија- Нова Маала
Општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, обезбеди средства за асфалтирање на дел од локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во должина од еден километар, информира градоначалникот на општинаta Ванчо Стојанов.
Вкупната вредност на овој проект, согласно потпишаниот договор меѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој изнесува 10.468.760 денари, од кои како што рече градоначалникот Стојанов, осум милиони денари се од БРР, Програма за рамномерен регионален развој, а остатокот се средства обезбедени од буџетот на општина Василево.
-Вкупната должина на овој локален пат изнесува 4,3 км, од кои досега општина Василево има асфалтирано 1,3 км. во правец Нова Маала- Чанаклија. По реализацијата на оваа делница од еден километар за доасфалтирање ќе останат уште околу два километри од овој пат со кој ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните од населените места Доброшинци, Нова Маала и Чанаклија, а воедно и патната инфраструктура на ниво на Југоисточен плански регион, вели градоначалникот Стојанов.
Следниот чекор во резализација на овој проект е распишувањето на тендер за избор на фирма изведувач на работите, велат локалните власти.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар