Општина Струмица со надградени ISO стандарди
Општина Струмица успешно премина кон новите верзии на стандардите-Систем за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2015 и Систем за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2015.
Ваков бил и заклучокот од извештајот од редовната ресертификациона проверка за примена на ИСО стандардите, која била спроведена минатата недела.
- Од страна на тимот проверувачи на Словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената и нивната подготвеност за премин кон новите стандарди во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата, рече Томислав Андреев координатор на тимот на раководството на општина Струмица.
Додаде дека се констатирани позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување.
Инаку, Струмица е прва општина во Република Македонија која во 2007 година го воведе стандардот за квалитет ИСО 9001:2008 и 11 години успешно го спроведува стандардот ИСО 14001:2004 за управување со околината.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци