Општина Кисела Вода ги реконструира тротоарите на ул. "Рилски конгрес" во Црниче
Градоначалникот на општина Кисела Вода заедно со Претседателот на Советот на општината и повеќе советници денес беа на улицата “Рилски конгрес”, во населбата Црниче каде отпочнаа градежните активности за комплетна реконструкција на тротоарите.
-Денес го промовираме проектот кој е во програмата на општина Кисела Вода и во буџетот усвоен за 2016, а тоа е реконструкција на тротоарите по улицата “Рилски конгрес”, во потег од улицата “Банско” до улицата “Пржино”. Се работи за изведба на должина од 600 метри и од левата и од десната страна. Практично, по завршувањето на тендерската постапка, избраната фирма изведувач “Урбан Десигн”, од денеска се воведува во работа. За изведба на овие градежни активности, општина Кисела Вода од својот буџет вложи околу 3 240 000 денари. Се надевам дека фирмата иведувач ќе го запази временскиот рок, секако, доколку не послужат и временските услови, за до 30 март тешката механизација да се повлече од оваа улица и истата да биде пуштена во употреба-изјави градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Таа додаде дека се надева на трпение и разбирање од страна на жителите од оваа улица, како фирмата изведувач би можела непречено да ги извршува градежните активности.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје