Општина Битола утврди акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција
Општина Битола утврди локален акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2017-2020 година.
Целта на планот е да се изврши зајакнување на координативната улога и да се овозможи подобрена транспарентност во спроведувањето на активностите, редовно и активно учество на членовите на локалниот комитет избрани за реализација на планот.
- Со утврдениот план ќе има подобрен проток на информации од членовите на локалниот комитет до матичните институции и организации, а со донесената одлука од страна на Советот на општина Битола се овозможува проширување на членството на локалниот комитет со претставници од Канцеларијата на Народен правобранител, општинската организација на Црвен Крст, Синдикати, УЈП, Младински совет и други лица за кои ќе бидат организирани трибини и други манифестации, информираат од локалната самоуправа.
Со утврдувањето на локален акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2017-2020 година планирани се изработка на фан-страна и промотивен материјал.
- Во наредниот период ќе биде формиран мобилен тим на локално ниво за идентификација, помош и поддршка на потенцијални жртви и ризични групи, зајакнување на регионална соработка на национално и меѓународно ниво и координација помеѓу релевантните институции во областа на трговијата со луѓе, а доколку е потребно ќе бидат користени услуги на овластени судски преведувачи на јазиците на жртвите и илегалните мигранти во судска постапка, посочуваат од локалниот комитет.
Согласно програмата за работа на 30 јули ќе биде одбележан Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, на 18 октомври ќе биде одбележан Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, а од 2 до 9 декември во Битола ќе биде организирана Недела на борба против трговија со луѓе.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?