Општина Аеродром ќе добие ново средно училиште
Во општина Аеродром ќе биде изградено ново средно училиште кое најверојатно ќе биде гимназија, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на оваа општина.
Тој во разговорот со градоначалникот Ивица Коневски информираше дека во програмата планираат изградба на ново средно училиште во оваа општина.
Градоначалникот Коневски посочи дека се работи на деталниот урбанистички план со кој ќе биде овозможена изградбата на ова училиште кое ќе се наоѓа меѓу Аеродром и Ново Лисиче, во делот на булеварот „Србија“.
Покрај ова Груевски информира дека се планира и отворање на специјализирана математичка гимназија во која ќе учат најдобрите ученици кои имаат афинитет кон математичките науки.
- За неа ќе нема нов објект, туку таа ќе работи во склоп на некоја од постоечките училишта бидејќи годишно ќе се примаат максимум до 40 деца. Од аспект на квалитет ова училиште треба да е елитно и во него треба да учат најдобрите деца по математика. Вакви гимназии има во светот и тие даваат добри резултати, истакна Груевски.
Ново на Сител
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце