Пленковиќ жали поради острата реакција од БиХ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази жалење поради, како што рече, претераната реакција од БиХ поради погрешно пренесената изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Хрватските медиуми пренесоа дека таа во Израел рекла дека БиХ е „многу нестабилна земја и дека на одреден начин ја презеле луѓе кои се поврзани со Иран и терористички организации“, по што следуваше демант од хрватската претседателка, но и беше повлечен тој дел од текстот објавен во „Ерусалим Пост“.
– Нашата политика кон БиХ е да развиваме добрососедски односи и партнерска соработка, рече Пленковиќ на владината седница и дополни дека му е жал за погрешно пренесената вест.
Тој истакна дека е важно Хрватска и БиХ да бидат внимателни во комуникацијата, меѓусебно да се почитуваат и да ги решаваат отворените прашања. – БиХ е наша соседна и блиска земја и поради тоа му е жал поради ваквите жестоки реакции, истакна тој.
Ново на Сител
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
