Општина Аеродром го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година
– Советот на Општина Аеродром на вчерашната 15. седница го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година, кој е креиран во насока на кратење на непродуктивните трошоци и нивна пренамена за инвестиции во развојни и капитални проекти.
Со овој чекор, како што информира Општина Аеродром, се отвори патот за реализација на голем број мерки и проекти што се од големо значење за жителите на оваа општина.
Од Општина Аеродром посочуваат дека граѓаните во наредниот период можат да очекуваат доградба на основните училишта „Блаже Конески“ и „Гоце Делчев“, нов парк од 6.000 квадратни метри, нов плоштад и уредување на целиот простор зад „Капитол мол“, изработка на проекти и изградба на две нови градинки, нови детски и спортски игралишта и економски пакет мерки за граѓаните на кои им е најпотребно, обезбедени преку скратените средства за репрезентација, патувања и други непродуктивни трошоци.
– Промените се случуваат. Аеродромци секојдневно сведочат на еден нов, економичен и рационален начин на управување со Општина Аеродром и финансиите на општината. Приоритет на администрацијата е да се изнајде начин, дури и во време на економска и енергетска криза, да се реализираат сите проекти предвидени во програмата, се вели во соопштението од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?