-->
-->
Околу 55.000 Авганистанци ги напуштија своите домови оваа година поради конфликтот
-->
Конфликтот во Авганистан е причина речиси 55 илјади Авганистанци да ги напуштат своите домови во 2017 година, соопшти ОН.
Во извештајот се додава дека најмалку 28 илјади други се раселени поради борбите меѓу радикалните талибанци и безбедносните сили.
Само во текот на изминатата недела повеќе од 16.000 цивили се раселени во северната провинција Бадакшах. Дополнително се очекуваат бегалци од Кандахар, Урузган и повеќе од седум илјади цивили од Хелманд. Раселени лица се регистрирани во 25 од 34 провинции во Авганистан.
Во 2016 година повеќе од 660 илјади цивили ги напуштиле своите домови во Авганистан. Оваа година ОН очекуваат дполнителни 455 илјади раселени во државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром