Свет
11. April 2017 - 18:08

Околу 55.000 Авганистанци ги напуштија своите домови оваа година поради конфликтот

Конфликтот во Авганистан е причина речиси 55 илјади Авганистанци да ги напуштат своите домови во 2017 година, соопшти ОН.

Во извештајот се додава дека најмалку 28 илјади други се раселени поради борбите меѓу радикалните талибанци и безбедносните сили.

Само во текот на изминатата недела повеќе од 16.000 цивили се раселени во северната провинција Бадакшах. Дополнително се очекуваат бегалци од Кандахар, Урузган и повеќе од седум илјади цивили од Хелманд. Раселени лица се регистрирани во 25 од 34 провинции во Авганистан.

Во 2016 година повеќе од 660 илјади цивили ги напуштиле своите домови во  Авганистан. Оваа година ОН очекуваат дполнителни 455 илјади раселени во државата.