Околу 25.000 полицајци ќе ги обезбедуваат претседателските избори во Индонезија
Индонезиските власти ги прават последните подготовки за претседателските избори што ќе се одржат утре, при што околу 25.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста во текот на гласањето за еден од тројцата кандидати кои се борат да го наследат претседателот во заминување Џоко Видодо.
Кандидатите за наследник на претседателот Видодо, кој нема право на нов мандат, се популарните поранешни гувернери Ганјар Праново и Аниес Басведан, како и поранешниот командант на специјалните сили Прабово Субјанто, кој ја подобри својата позиција во анкетите на јавното мислење, со премолчена поддршка на Видодо и неговиот најстар син, кој се кандидира на истата листа за потпретседател.
Од неделата до утре, кога се одржуваат изборите, во Индонезија владее предизборен молк, а на кандидатите им е забрането да водат кампања.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати