УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Александар Дјуков најави дека се водат преговори за враќање на руските клубови на европските клупски турнири и воопшто на натпреварувањата под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Како што е познато, руските тимови не се дел од европскиот фудбал од крајот на февруари 2022 година, кога започна воениот конфликт во Украина, но тоа наскоро би можело да се промени.
-Во моментов имаме состаноци на кои се разговара за различни опции за враќање на земјата во европскиот фудбал. Верувам дека порано или подоцна тоа ќе се случи бидејќи се менуваат ставовите на другите федерации, изјави Дјуков за руските медиуми.
Тој не ја исклучи руската репрезентација да добие право на учество во квалификациите за СП 2026 година.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола