Огревно дрво на рати за пензиониерите од Демир Капија
Подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Демир Капија само за пензионерите, за наредната зима, ќе обезбеди огревно дрво во количина од три илјади метри просторни даб и 500 метри просторни бука. За ова денеска информираше директорот Јован Јованов.
- Оваа количина е само за пензионерите од Неготино и тоа по цена од 2.750 денари за даб и 2.680 денари за бука. Во цената е вклучен превозот и плаќањето може да се изврши на осум рати. Договори за купопродажба на огревно дрво ќе се прават најдоцна до 15 март годинава, соопшти Јованов.
Тој најави дека огревното дрво може да се купи до осум рати, со тоа што првата рата се плаќа веднаш при склучување на договорот, а испораката може да започне со отплата на половина од договорената количина.
- Сакаме да ги известиме пензионерите дека работиме во интерес на граѓаните на Македонија, да си набават поевтино огревно дрво со поволни услови, додаде Јованов.
Ново на Сител
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир