Македонија
11. February 2025 - 16:38

Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува

Македонскиот државен врв се уште негува оптимизам и покрај јасните ставови на новата бугарска Влада дека нема да има репреговарање на францускиот предлог. 

Претседателката вели дека на случајот активно работи Групата пријатели на Западен Балкан и според нејзини информации има неколку креативни предлози кои би можеле да отворат и некои кластери. 

Дека земјава останува посветена на овој процес потврди и премиерот кој рече дека веќе се отвора можност за прва средба на министерско ниво.

Бриселски Еуроактив вчера повикувајќи се на неименуван бугарски министер го пренесе ставот на новата бугарска Влада според кој Бугарија нема да излезе надвор од она што е договорено во Францускиот предлог кој стана дел од преговарачката рамка, отфрлајќи ја понудата на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство.