Одлучив дека во 2019 година ќе бидам среќна!
2019 година е годината кога конечно ќе се ставам себеси на прво место.
2019 година е година во која ќе бидам себична и ќе ги правам работите кои ме прават среќна.
Ако сакам ќе одам сама на кафе, ќе читам книга и ништо друго нема да постои за мене.
Нема да чувствувам грижа на совест ако не се поздравам со некој кој ми оди на нерви.
Ако сакам, ќе останам будна цела вечер само за да го дочекам изгрејсонцето. Нема да се грижам дали другите мислат дека сум луда.
Ова ќе биде година која ќе ја посветам на себеси и на љубовта кон себе.
Ќе бидам поорганизирана. Сакам секоја минута да биде добро потрошена минута. Не сакам залудно да си го трошам животот.
Ќе пијам големи количини на кафе и ќе го јадам она што ми се јаде. Нема да се ограничувам себе и ќе ги правам сите работи кои сакам да ги правам.
Знам дека судбината има план за мене, но сепак јас решив дека ќе уживам во животот!
Одлучив да бидам среќна!
Извор: skopjeinfo.mk
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек