Одличен прием на „Трето полувреме“ на Биеналето на израелски и еврејски филм во Нанси
Кинопремиерата на „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски во Франција беше поздравена со аплузи од публиката на 4. Биенале на израелски и еврејски филм кој вчеравечер беше отворен во Нанси, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Проекцијата на филмот во киното „Камео“, со кој беше отворено Биеналето, помина во необичен амбиент со засилени безбедносни мерки, присуство на припадници на армијата и полицијата пред киносалата поради последните случувања во Франција.
Организаторот на фестивалот - Еврејскиот културен центар од Нанси, основан во 1920-тите години од еврејската дијаспора, долго размислуваше дали да го одложи филмското биенале, по што инсистираа на значењето да се продолжи со културните манифестации.
Според организаторот, изборот на еден македонски филм, кој ја третира темата на депортацијата на Евреите, придонесува да се запознае подобро историјата на Европа. Беа изненадени од фактот што филмот со оваа тематика доаѓа од земја чија кинематографија не е многу позната за француската јавност, и е реализиран од режисер Македонец.
По проекцијата беше отворена дебата за филмот на која зборуваше главниот актер Сашко Коцев, и амбасадарот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов, со чија помош, во соработка со Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, „Трето полувреме“ беше предложен за Биеналето.
Покрај содржината на филмот и пораката која тој ја носи, публиката посебно беше импресионирана од играта и квалитетот на екипата актери, напорите за веродостојност при користењето на ладино - јазикот на сефарадите, и од одличната режија на Дарко Митревски.
Организаторите не го криеја разочарувањето што овој филм не беше пошироко дистрибуиран во француските киносали, но веќе го има во француските продавници во ДВД и блуреј-издание со превод и синхорнизација на француски јазик.
Ново на Сител
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-
Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед
-
Седум мексикански фудбалери се осудени на вкупно 57 години затвор поради местење натпревари
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 23 сантиметри под просекот за февруари
-
Во Франција почнува судењето на хирургот обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Голема „Македонска вечер“ во Хамбург за собирање средства за изградба на Црковен храм | ВИДЕО
-
Кај струмичанец пронајдени 672 парчиња брендирана роба без документација, против него ќе биде поднесена пријава