Одбележување на Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест
По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, кој годинава се одбележува под мотото „Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите денеска за граѓаните организираат бесплатни прегледи за мерења на дишната функција. Прегледите ќе се изведат од 11-14 часот во трговскиот центар „Капитаол“.
Овој настан, како што велат од Здружението на пневмофтизиолозите, е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.
Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети