Одбележување на Денот на планетата Земја
Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарда дрвја до 2020 година.
Со различни активности, Денот на планетата Земја ќе биде одбележан и во Македонија.
Во основното училиште „Партениј Зографски“ во населбата Кисела Вода ќе бидат засадени садници, а на одбележувањето ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и претставници на УСАИД и на УНДП.
Градот Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ ќе го одбележат овој ден во Градскиот парк со поставување штандови на кои ќе се делат картички со еколошки пораки и семиња, а ќе се засадат и зимзелени садници.
Во градинката во населбата Железара ќе биде организирана велосипедска трка, а амбасадорот на Холандија Вутер Пломб заедно со децата ќе засадат дрвца и цвеќиња.
Кон одбележувањето на Денот на планетата се приклучува и компанијата „Пакомак“ со повик до сите на овој ден да дојдат на работа со велосипед.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење