Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини
Командата за обука и доктрини (КОД) денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата. На свеченоста ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, државниот секретар, Владимир Анчев, претставници од Кабинетот на Претседателот, воени раководители од Генералштабот и Министерството за одбрана и претставници на локалната самоуправа и организациите со кои соработува единицата.
Пред припадниците на Командата ќе се обратат министерката Петровска и командантот на КОД, полковник Васко Коколански, по што ќе бидат соопштени стимулативни мерки на припадници од КОД за постигнатите резултати во работењето.
Присутните ќе имаат можност да проследат и показна вежба со службени кучиња од Центарот за одгледување и дресура, а ќе бидат изложени и дел од вооружувањето и опремата и други програмски содржини.
Командата за обука и доктрини го одбележува 15 април како датум кога во редовите на Армијата почнаа да пристигнуваат првите регрути на отслужување на воениот рок по што почна пополнувањето на армиските единици и целосното функционирање на Армијата.
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата