Одбележана годишнината од смртта на загинувањето бранителот Атанас Јанев
Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2011 година во Струмица беше одбележана 17 - годишнината од загинувањето на Атанас Јанев.
На денешен ден во 2001 година во операцијата за ослободување на селото Арачиново загина струмичанецот Јанев, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.
За ликот и делото на загинатиот бранител зборуваше началникот на СВР Струмица, Танчко Пројковски, самиот учесник во борбите за ослободување на Арачиново.
- Годиите минуваат, но секоја наредна не враќа на преживеаното и остава печат на споменот за вас. Споменот на овој млад одземен живот не смееме да го заборавиме, нити ние, ниту генерациите по нас и со гордост да се сеќаваме на Атанас Јанев, кој го даде животот за одбрана на нашата татковина, рече началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски во обраќањето пред присутните на одбележувањето на 17 - годишнината од загинувањето на бранителот Атанас Јанев.
Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството Јаневи, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица, претставници на полицијата и други организации и институции.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ