-->
-->
Од вечерва центарот на Скопје затворен за сообраќај
-->
По повод спојувањето на Т-Мобиле и Македонски телеком во еден правен субјект, ќе се одржи културна манифестација на 19 септември на улица „11 Октомври“ пред Порта Македонија.
Од овие причини, како и поради подготвителните активности на организаторот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ па се до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ и ул. „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија од вечерва од 23 часот па се додека има потреба.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?