Од вечер се враќа во сила забраната за движење од 21 до 5 часот
Полицискиот час, кој беше укинат изминатата ноќ, од вечер повторно се враќа во сила и ограничувањето на движењето ќе трае од 21 час до 5 часот.
Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведена забрана за движење од 21 до 5 часот следниот ден, со исклучок за време на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1 кон 2 мај и од 12 кон 13 мај.
Со владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, е овозможена и работа на терасите на угостителските објекти до 20.30 часот, кои претходно беа целосно затворени.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава полицијата регистрирала 436 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат