Македонија
17. September 2019 - 16:10

Обвинителите на СЈО си ги задржуваат предметите

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски остануваат обвинители во предметот „Монструм“. Според информации на сител, двајцата веќе добиле овластување од Јавното обвинителство да го застапуваат случајот и во иднина. Првото доаѓање во судница како овластени обвинители, Фетаи и Бубевски ќе го имаат на утрешното судење каде ќе се слушаат т.н бомби за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Во меѓувреме, поранешната шефица на СЈО која со полномошно ги делегираше надлежностите на тимот обвинители, преку нејзиниот адвокат бара укинување на притворо.. Во петок истекува претходно определениот 30 дневен притвор за Катица Јанева. Нејзиниот бранител, Ирена Фрчкоска вели дека барањето за поблага мерка за обезбедување следи откако таа беше разрешена од обвинителската функција. Како гаранција за својата слобода, Јанева нуди и недвижен имот.

Фрчкоска вели дека предлогот за укинување на притворот содржи и медицинска документација за влошена здравствена состојба на Јанева. Од истражниот затвор во Шутка велат дека поранешната обвинителка била примена со неколку хронични болести заради што и постојано се менува нејзината здравствена состојб.. Таа и денеска била на преглед кај пензионираниот затворски психијар.

Инаку и покрај престанок на мандатите на обвинителите во СЈО, тие се уште доаѓаат во зградата на Рузвелтова 34. Според одлуката на државниот обвинител, предметите од специјалното обвинителство се доверени на обвинителите од СЈО се до определување надлежни обвинителства и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.