Обука за подобрување на работните вештини кај младите во Скопје
Подобрување на работните вештини, стекнување на интернационални искуства и подобрување на конкурентноста на работната сила на интернационалните пазари беа главните цели на обуката спроведена од Националната агенција за европско образование и мобилност.
Како што соопшти денеска Националната агенција за европско образование и мобилност на обуката присуствуваа претставници од Македонија, Бугарија, Албанија, Франција, Словачка, Чешка, Литванија и Австрија.
Директор на Националната агенција за европско образование и мобилност Дарко Димитров порача дека подигнувањето на квалитетот на работната сила, особено на младите во Македонија е основа за економски и општествен развој.
- Нашите цели се токму во насока на обезбедување можности за стекнување вештини и знаења кои кореспондираат со високите критериуми на глобалниот пазар, рече тој.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на јакнење на знаењата и вештините и имплементирање нови образовни техники и методи за младите, а во тек е и новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди Еразмус плус, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите