Обука на 12 парамедици од Црвениот крст Охрид
Дванаесет волонтери на Црвенот крст од Охрид ќе бидат обучени за укажување прва помош, третман и реанимација на повредени лица, во рамки на програмата што заеднички ја реализираат Општинската организација на Црвениот крст, Средното медицинско училиште „Кирил и Методиј“ од Охрид и Националниот здравствен сервис на Холандија.
Станува збор за обука на парамедици според програмата PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support), што предвидува најнови знаења и најсовремени техники во справување со најсложени ситуации и интервенции за третман на повредени лица во најразлични кризни ситуации.
Обуката се состои од два дела од кои првиот ќе се реализира од денеска до 7 септември, што ќе го спроведуваат веќе обучени парамедици на охридскиот „Црвен крст“, пред се како запознавање на учесниците на обуката со основните знаење за PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support) програмата. Вториот дел од обуката ќе се реализира во периодот од 29 септември до 4 октомври, со учество на тројца инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија кои со соодветна опрема и нагледни средства ќе ги обучуваат кандидатите за парамедици со најнови техники на укажување прва помош, третман и реанимација на повредени.
Преку слична програма Црвениот крст од Охрид за свои потреби пред две години спроведе стручна обука на 16 парамедици, веќе оспособени лица за пружање прва помош согласно европските стандарди и протоколи.
Ново на Сител
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните