Кратово подготвува богата програма за прослава на денот на патрон-светецот, Свети Ѓорги Кратовски
Општина Кратово подготвува богата, повеќедневна, културно-уметничка програма по повод 24 февруари, празнување на денот на патронот Свети Ѓорѓи Кратовски, заштитник на градот Кратово, со централни настани се преосветувањето на храмот Св. Ѓорѓи Кратовски и свечената литија на денот на патронот.
- Чествувањата почнуваат на 21 февруари со ликовна изложба 31-та Лесновска ликовна колонија, што ќе се доржи во изложбениот салон на Музеј на град Кратово, во петок, на пладне,а вечерта во 19 часот, во кино салата ќе се одржи стенд- ап шоу на комичарот Бојан Велевски. Во сабота, во 12 часот, литературнито клуб „Надеж“ ќе одржи свечено поетско читање во чест на Св.Ѓорги Кратовски, во Дом на култура „Лазар Софијанов“, додека централниот настан, преосветување на едновековниот црковен храм Свети Ѓорѓи Кратовски (1925-2025), ќе се одржи на 23 февруари, што ќе го изврши митрополитот Кумановско – Осоговски г.Григориј, во сослужение со архиерејите од епархијата, информираат до Општина Кратово.
Чествување на денот на патронот, 24 февруари, ќе започне со света архијерејска литургија од 8 часот, во црквата Св.Ѓорѓи Кратовски, по што литијата со иконата на светецот ќе сe упати кон споменикот на Свети Ѓорѓи Кратовски во центарот на градот каде ќе се положува цвеќе.
На градскиот плоштад со почеток во 10 часот и 30 минути предвидено е осветување на славскиот колач од страна на свештенослужителите и водокрст, а во продолжение следува културно-уметничка програма со настап на: КУД „Ефрем Каранов“ Кратово, КУД „Вера Јоциќ“, Македонска Каменица, АТМИ „Митко Алексов“ Кочани и Група „Круна“.
Од општината истакнаа дека очекуваат голем број посетители и гости, кои традиционално доаѓаат во градот на кули и мостови во овој празничен период, а ги поканија и сите жители на Кратово и соседните општини, како и сите жители на државата да присуствуваат на свеченостите и програмските активности во организација на локалната самоуправа во чест на празникот на градот, кога се очекува во градот на кули и мостови да пристигнат голем број туристи.
Ново на Сител
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег