Обновени просториите на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2
Целосно се обновени просториите за престој и едукација на деца од осум месеци до три години, во ЈОУДГ „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2.
Во оваа градинка, како што информира Општина Карпош, се реконструираше чајната кујна, а се подобрија и хигиенско – санитарните услови. Обновен е тоалетот, подот во просториите, а заменети се и прозорите, со цел да се постигне подобра енергетска ефикасност на објектот.
Исто така, просториите се снабдени со нов мебел – креветчиња, како и соодветни дидактички материјали – играчки, интерактивни табли кои ќе придонесат во правилниот раст и развој на децата.
Во рамки на денешната посета на градинката, градоначалникот Стефан Богоев посочи дека Карпош прераснува во локална самоуправа која е пример за квалитетно и сеопфатно предучилишно образование.
-Во оваа градинка се спроведува и Модуларната програма за учење преку игра, во соработка со Едукативниот центар „Скампер“. Најмладите, на еден креативен начин ги развиваат когнитивните вештини и моториката. Исто така, со воведувањето на здраво мени за исхрана се отиде чекор напред во градењето на здрави навики кај најмладите. Во претстојниот период, целосно се фокусираме на обнова на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1, чиј објект е во полоша состојба, рече Богоев.
Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“, Ангела Ангеловска Усовска напомена дека во уредувањето на новите простории се приклучиле и вработените од градинката. Најголем дел од реконструкцијата е финансирана од Општина Карпош (обновата на чајните кујни, тоалетите и прозорите), а дел од санацијата е направена и со средства од самата градинка и донации од повеќе општествено одговорни компании.
Ново на Сител
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина
-
Ужас во Хрватска: Пронајдени тела на две закопани бебиња, родителите биле членови на секта
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон