Објавен огласот за избор на младоженци за манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба
Распишан е конкурсот за избор на младоженци за овогодишното издание на Пијанечко-малешевската свадба. Како што информираше организаторот Зенил Реџепов, инаку координатор на Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“, годинава свадбата ќе се одржи по 13 пат.
– Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево годинава навршува 45 години од своето 45 постоење. По тој повод, а како дел од програмските активности на друштвото, веќе е распишан огласот за избор на брачен пар за 13-то издание на манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба. Ова е манифестација која се реализира во функција на туристичка понуда во регионот, а како дел од Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево фест 2019“, соопшти Реџепов.
Додава дека конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето и ќе трае до крајот на мај оваа година.
Еден од основните услови на конкурсот за учество на Пијанечко-малешевската свадба е еден од младоженците да потекнува од Пијанечко-малешевскиот регион, да достават мотивациско писмо за учество, да имаат склучено правен брак, а доколку тоа го немаат направено, како што дополнија од КУД „Гоце Делчев“, тоа да го направат за време на манифестацијата.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите