Обид за убиство во Крива Паланка: 16-годишно момче напаѓал со клешта и нож
Синоќа околу 21.00 часот во Крива Паланка на ул. „Единство“, по претходна расправија и нарушување на јавен ред и мир, шеснаесетгодишник со клешта ја удрил С.А. (18) од Крива Паланка, при што и нанел телесни повреди во пределот на главата.
Потоа со нож му нанел два убода во пределот на левиот колк на А.А. (25) од Крива Паланка.
На повредените им била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Крива Паланка, по што се пуштени на домашно лекување. Во 23.50 часот сторителот е приведен во ПС-Крива Паланка, со истиот е извршен разговор по што е ослободен.
Со Потврда за привремено одземени предмети одземени се клештите и ножот, а по наредба на Јавен обвинител против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „убиство во обид“.
Увид извршила екипа од ПС-ОН Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар