-->
-->
Обичаи на англиски гробишта од кои ќе ви се крене косата!
-->
Викторијанска Англија било време кога ужасот владеел во сите аспекти на секојдневниот живот.
Се разбира, во тоа врее тоа било нормално, но денес ретко кој би рекол дека овие луѓе биле нормални.
Особено морничав дел од животот на Викторијанските луѓе била смртта.
Смртта сама по себе е страшна тема, но овие луѓе некако успеале смртта да ја направат уште почудна и непријатна, пишува порталот „Viralnova“.
Во продолжение прочитајте неколку обичаи од кои сигурно ќе ви се крене косата, а биле сосема нормални во Викторијанска Англија.
Гужва на гробишта
Англичаните немале посебни гробови. Вообичаено било да постои мала градска гробница и во неа да бидат закопувани сите членови од едно семејство, едни врз други.
Доколку некој немал гроб, бил приморан да го закопа покојниот во гробница до црквата. Таа отсекогаш била мало место, најмногу 20 метри квадратни, каде требало да се закопаат стотици тела.
Гаранција за „вечен одмор“
Луѓето биле исплашени од тоа дека нивните сакани и буквално можат да станат од гробот како зомби или вампир!
Затоа починатите биле закопувани со лицето надолу. Така што ако се разбуди и почне да копа, би оделе надолу.
Доколку семејството имало повеќе пари ги закопувале во метален оклоп за да се спречи „бегство“ на починатиот.
Не многу мирна смрт
„Оклоп околу гробот“ (на англиски Mortsafe) имал уште една многу практична цел. Имено, дури и починатито да немал намера да се „повампири“ тоа не можело да биде гаранција за мир во вечноста. Телата на починатите биле откопувани и ограбувани!
На тој начин се правело место за нови почонати, а телата можеле да послужат за медицински експерименти. И за крај ковчегот можел да се користи како огревно дрво.
Затоа не било чудно доколку насекаде околу гробот имало расфрлано коски или пак некое тело кое скапува.
Жалост како професија
И покрај сите непријатности, на луѓето им било важно на погребот да присиствуваат голем број луѓе. Затоа често биле изнајмувани и професионални ожалостени луѓе кои присуствувале на погребите.
На овие луѓе не им било дозволено да зборуваат. Наредено им било да изгледаат тажно и во соодветен момент да заплачат...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Речиси илјада вработени во сите инспекторати немаат плата
-
Од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите, заврши новогодишната кошничка
-
ЕУ нотира: Македонија не го рециклира отпадот – Зошто нема имплементација на легислативата за управување со отпадот?
-
Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата