Од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите, заврши новогодишната кошничка
Новогодишната кошничка заврши, од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите. Нема гаранција дека цените нема да бидат повисоки, велат од Стопанска комора на Северозападната Македонија.
Не можат со сила да ги натераат трговците да ги намалат цените, а за ниски цени во иднина се уште чекаат состанок со Владата. Од министерството за економија апелирале до производителите, дистрибутерите и трговците да ги задржат цените на производите на исто ниво и по завршувањето на акцијата.
Беше упатен апел и опомена до сите чинители во ланецот на прехранбени производи во наредниот период да не дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи, по завршување на Новогодишната кошница, за да не се носат мерки страна на Министерството за економија и труд, односно беше кажано дека Министерството ќе ги искористи сите механизми кои ги имаме на располагање за да се заштити стандардот на граѓаните.
Некои ланци на маркети од утринава известија дека на одредени производи ќе им бидат замрзнати цените во наредните шест месеци, но и дека ќе останат цените од новогодишната кошница.
ССМ од понеделник ќе ги објават пресметките дали трговците ја испочитувале мерката која сами ја предложија и дали акцијата била успешна.
Новогодишната кошничка траеше од 15 декември до 15 јануари, а опфати околу 1200 производи. Следната кошница е најавена за рамазанските и велигденските празници.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар