Македонија
28. December 2019 - 8:26

Новогодишни пакетчиња од Германија за децата во Детската клиника

Сто новогодишни пакетчиња на сите деца хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести ќе им подарат денеска хуманитарните организации АДРА и Лајонс.

Од Клиниката информираат дека станува збор за специјални новогодишни пакетчиња, кои ги подготвиле деца во Германија за децата на Клиниката.

На доделувањето на пакетчињата ќе присуствува и директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска.