Новогодишна видео-порака на Трамп: Заедно ќе создадеме повторно голема Америка
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ја сумира во триминутна снимка во која објаснува кои се неговите најголеми достигнувања од првата година од својот мандат.
Во видеото се прикажани сцени на Трамп со воени лица и други светски лидери додека во позадина се слуша како тој ја опишува Америка.
- Создадовме модерен свет и ќе го обликуваме утрешниот свет со силата на вештините на американските раце, наведува Трамп.
Меѓу останатото, тој го нагласува успехот со новиот даночен систем што го оквалификува како „најголем даночен рез во историјата на САД“.
Трамп во видеото прочита и новогодишна порака. - Каква беше годината, а тоа е само почеток. Заедно ќе создадеме повторно голема Америка. Среќна Нова година, порача американскиот претседател.
Новогодишните празници тој ги поминува во Палм Бич на Флорида.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека