Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром
По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар „Србија“, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булевар АСНОМ во Општина Аеродром.
Како што информираат од Град Скопје со реализацијата на овие активности, на овој потег во Општина Аеродром ќе се формира нов зелен коридор на површина од 3.700 квадратни метри меѓу коловозната лента и вело патеката на булеварот „Србија“.
-Хортикултурното уредување се реализира етапно и опфаќа формирање нов тревник, садење нова вегетација и спроведување на систем за полевање. Новопредвиденото зеленило го сочинуваaт листопадни и зимзелени садници, а изборот на видовите е направен да се добие естетски и функционално уредена зелена површина, велат оттаму.
Ново на Сител
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската