Нова измама со огревни дрва, ограбен старец додека си ги чекал платените кубици
Во СВР Скопје Г.В.(77) вчера во 16.00 часот пријавил дека на 26.07.2018 година околу 19,00 часот на улицата “Ѓорче Петров“ од страна на непознат сторител извршена му била измама, при што му се одземени 15.000 денари.
Сторителот откако дошол до дворот на пријавителот му понудил огревни дрва по цена од 2.500 денари за метар кубен, при што Г.В. му поверувал го повикал во трпезаријата седнале му дал пари, прво околу 3.000 денари.
Двајцата тргнале кон Очната клиника во населбата Ѓорче Петров за да го пречекале камионот со дрва, но пред да стигнат до местото сторителот му рекол на причека, а тој се вратил кај ќерката на Г.В и од неа ги зел преостанатите пари - односно 200 евра по што заминал во непознат правец.
Пријавителот по некое време сфатил дека е измамен. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче