Македонија
6. September 2024 - 10:39

Нова група Непалци избегаа од работа во Скопје

Нов случај на бегство на Непалци кои биле вработени во една скопска фирма.

Имено вчера во 14.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(34) од Скопје пријавил не ги пронашол своите вработени на местото каде што престојувале. Се работи за три лица на возраст од 20 до 37 години сите од Непал.