Нов градоначалник на Пешкопеја е Мухарем Рама
На вчерашните вонредни избори за градоначалник на пограничниот албански град Пешкопеја, победи Мухарем Рама, кандидат на Алијансата за европска Албанија, предводена од владејачките социјалисти.
Негов противкандидат беше демократот Шерефедин Шеху.
По соопштувањето на првичните резултати, лидерот на социјалистите и премиер Еди Рама се заблагодари на гласачите за дадената доверба.
- Големата победа во Пешкопеја за мене е голема обврска кон жителите, напиша Рама на својот профил на фејсбук.
Неговиот партиски опонент, лидерот на демократите Љуљзим Баша за медиумите изјави дека жителите на Пешкопеја се соочиле со „картелот на дрога, криминал и корупција“.
- Во Пешкопеја не загуби една политичка партија, туку загуби цела Албанија. Единствен победник е картелот на дрога и криминал на Еди Рама. На овој картел денеска му објавуваме војна. Демократите се на чело на таа војна, а јас нивен предводник, изјави Баша.
Мухарем Рама, по професија лекар, доаѓа на местото на Шукри Џелили, кого Владата го разреши во средината на мај годинава поради вмешаност во секс скандал, односно од дваесетгодишна девојка барал секс за да ја вработи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга