Свет
28. October 2024 - 13:15

Норвешка ќе купи американски противвоздушни ракети за 362 милиони долари

Норвешка постигна договор со САД за купување на противвоздушни ракети AIM-120C-8 AMRAAM во вредност од околу 362 милиони долари, соопшти норвешката војска.

– Со зголемениот број проектили, норвешките вооружени сили ќе имаат подобра способност да ја заштитат Норвешка од воздушни напади, изјави министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Овие ракети се наменети за копнениот систем за противвоздушна одбрана на Норвешка, но може да се користат и како проектили за борбените авиони F-35A.

Норвешка, членка на НАТО која има граница со Русија, почна со зајакнување на одбраната по руската инвазија во Украина.